еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Санз Лукe: Секој ден, 140 жени и девојчиња ширум светот ги губат своите животи од рацете на својот партнер или од член на своето семејство

На секои десет минути убиена е по една жена. Секој ден, 140 жени и девојчиња ширум светот ги губат своите животи од рацете на својот партнер или од член на своето семејство. Само во 2023 година, 85.000 жени и девојчиња биле намерно убиени.

Ова го истакнува Белен Санз Лукe, регионална директорка, UN Women за Европа и Централна Азија по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство.

„Ова не се статистики без идентитет – тоа се жени и девојчиња кои го живеат својот живот, ќерки, сестри, мајки и пријателки; активни членки на нашите заедници чии напори ги изградија и беа дел од грижата за нашите општества. На 25 ноември се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство.

Овој датум е избран во спомен на сестрите Мирабал од Доминиканската Република, убиени поради нивниот отпор против тиранијата и неправдата. Нивната приказна, како и многу други, се симбол на храброста на жените кои се бореле за човекови права. 16-те дена активизам е повеќе од кампања – тоа е глобален повик да се почитува наследството на жените и да се издејствува решително против неискажливите акти на насилство, и да се осигура дека ниту една друга жена нема да се соочи со каков било вид на насилство. Оваа година, 16-те дена активизам доаѓаат во клучен момент.

Додека се приближуваме до 30-годишнината од Декларацијата од Пекинг и 25-годишнината од Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност на Советот за безбедност на Обединетите нации, се потсетуваме на заложбите за слободен и безбеден свет преземени пред неколку децении. Овие документи се камен-темелник на историски договори кои имаат за цел постигнување на поголема родова еднаквост и зајакнување на жените во сите области на општеството,“ вели во својата колумна Санз Лукe.

Во 2024 година, оваа меѓународна комеморација го истакнува итното прашање околу фемицидот.

„Фемицидот е најсериозниот вид на родово базирано насилство, намерно убиство на жена или девојче врз основа на родова дискриминација. Родовите стереотипи, штетните општествени норми, родовата дискриминација и нееднаквите односи на моќ меѓу жените и мажите и понатаму предизвикуваат фемициди ширум светот.

Фемицидот е дел од циклусот на насилство врз жените и обично му претходат други видови на родово базирано насилство, кои треба да ги идентификуваме и да ги спречиме. Една од три жени – околу 736 милиони жени на глобално ниво – доживеала физичко или сексуално насилство.

Девојките адолесцентки се соочуваат со особен ризик, при што речиси секоја четврта доживува насилство од интимен партнер до нивната 19-годишна возраст.

Во период од 12 месеци, само во Европа и Централна Азија, 24 милиони жени доживеале некаков вид на физичко или сексуално насилство извршено од нивниот партнер.

Во Западен Балкан, Украина и Молдавија, 45% од жените доживеале сексуално вознемирување, вклучително и сексуално вознемирување на интернет. Во истите земји, 60% од жените кои биле во интимна врска доживеале физичко насилство од нивниот партнер. Во Турција, 15% од жените на возраст од 20-24 години стапнале во брак пред да наполнат 18 години.

Жените се соочуваат со поголем ризик од насилство за време на кризи, како војни и насилни конфликти или природни катастрофи, како што се соочуваат во овој регион. Честопати, сексуалното насилство се користи како воено оружје. Се проценува дека само во Украина, оваа година 2,5 милиони луѓе, претежно жени и девојчиња, имаат потреба од услуги и помош за родово базирано насилство.

Многу од тие што преживеале насилство остануваат без поддршка, а сторителите често остануваат неказнети. Неказнувањето може да доведе до недостаток на доверба во институциите и законот, како и до помало пријавување на родово базираното насилство.

Нема оправдување за насилството врз жените и девојчињата! Ова насилство не е неизбежно; може да се спречи. 16-те дена активизам исто така нѐ потсетуваат да инвестираме во превенцијата. Доказите покажуваат дека силните закони, кога се спроведуваат ефективно, можат да ја намалат стапката на насилство. Истанбулската конвенција останува клучна водечка рамка за земјите од овој регион; сепак, само законодавството не е доволно.

Потребна ни е посилна имплементација за да обезбедиме соодветен пристап до услугите за преживеаните лица, ефективни мерки за заштита, репарација и неповторување. Потребна ни е нулта толеранција за каков било акт на насилство врз жените и девојчињата, и секој сторител мора да одговара.

И многу важно, решавањето на основните причини или корените за насилството бара справување со структурните родови нееднаквости во сите сфери на животот на жените и девојчињата, во училница, на работното место, во креирањето политики, на улица и дома; со спротивставување на родовата дискриминација, штетните општествени норми и стереотипите кои ја овековечуваат нееднаквоста,“ додава таа во колумната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има закони, нема примена за да се намали насилството кон жените и девојчињата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради измените на КЗ никој нема да одговара за прислушувањето, трошоците и за тие што прислушувале и за прислушуваните ќе ги платат граѓаните, вели Ристовска

Редакција

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Редакција

Сојузот на здруженија на дијабетичари препорачува: Баланс+ јогурт за одржување на дигестивното здравје на лицата со дијабетес  

Редакција