еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сестрата на Фросина Кулакова побара одговорност за таткото на момчето кое ја прегази и за судијката која го пушти од притвор

На протестот кој денеска се одржа во Кавадарци, сестрата на Фросина Кулакова, Росица побара да одговара и таткото на Васил Јованов, Зоран и како и судијката Даниела Алексовска Стојановска.

„Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на држвните функции не смее да се сведе само на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кој својот карактер го покажале и во својот живот како граѓани, родители.

Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник, да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата.

Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Тие треба да одговараат за своето делување, но и за криминалните постапки на своите „помлади полнолетници“. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, а функциите во државата не смеат да бидат засолниште за оние кои не ги почитуваат законите, ниту во својот дом, ниту надвор од него.

Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме да одговара и татко му Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство за семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили. Правда за Фросина мора да има!“, порача Кулакова.

Денеска е закажан нов протест на булеварот “Партизански одреди“, со почеток во 17 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска повторно протест на Партизанска, за неказнивоста и недолжното згаснување на животи

Кривичен се иззема од одговорност за Јованов, на Судот не му е јасно зошто неговото пуштање од притвор се поврзува со усмртувањето на Фросина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци, вели Ковачевски

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП во април

Редакција

Арсовска и Јовановска се единствените градоначалнички: На локалните избори 91,64% беа мажи, а само 8,36% жени

Редакција