Во исто време додека поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој доби 30 дена притвор за случајот со криминалот во Државна лотарија, а претходно беше ставен и на „црната листа„ на САД, по што „замина“ во Косово, во Приштина дојде и неговиот колега од ДУИ, претседателот на партијата, Али Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за Груби и Бајрами
Ахмети го доби клучот на градот Приштина, од што партијата направи сензација, ама јавноста ја интересира дали се виделе со Груби, за кој денеска се очекува македонското Министерство за внатрешни работи по барање на Основното јавно обвинителство да распише и меѓународна потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети не се оградува од Груби
Треба да се каже и дека Ахмети не се огради од Груби, откако тој беше ставен на „црната листа„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го пуштил Груби да замине на Косово, бил ставен на стоп-листа
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
Фото: Груби/Фејсбук