еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев најави повлекување од политика за три години, ќе се врател да работи во семејните компании

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ во интервју за српски Курир, најави дека најверојатно во 2024 година ќе се повлече од политиката и дека ќе работи во семејните компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Првата љубов на Заев му била од Горњи Милановац, а првата милионска заработка од сушени пиперки

Вели дека се доволни два мандати за да некој биде премиер, оти ако се остане повеќе на таа функција, постоел ризик да се стане автократ.

„Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Секогаш е здраво да доаѓаат нови луѓе.

Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашите компании, повторно да работам комерцијално.

Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва.

Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А, јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но, во тоа време беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Но, голема е честа да се биде премиер на својата земја“, вели Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академија за протокол: Погрешното знаме е еден од пострашните протоколарни гафови на нашите служби

Редакција

ЕУ не признава бојкот: Хан побара политичките лидери да ја почитуваат одлуката на мнозинството

Редакција

Словенија ќе инсистира промената на Уставот да биде последниот услов за влез на Македонија во ЕУ, порача словенечкиот премиер

Редакција