И по речиси шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција се уште не ги усвои трите меморандуми со Македонија.
Вчера истите во облик на предлог закони за гласање во грчкиот Парламент ги поднесе опозициската СИРИЗА.
Тие веќе еднаш се најдоа во грчкиот Парламент пред речиси четири години кога ги достави владата на Нова демократија. И сега истите се со иста содржина.
Се работи за меморандуми што се однесуваат на европската перспектива на Македонија, на економската соработка меѓу двете земји и воздушниот надзор.
Истите прво ќе се разгледуваат во надлежната Комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а ако членовите дадат зелено светло, тие одат на гласање.
Досега грчките власти неколку пати повторија дека истите ќе бидат донесени, кога тие ќе проценат дека тоа е најдобро за грчките национални интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа
Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР
Фото: Влада