еМагазин
Image default
ЖИВОТ

#СкрозЈас: Како да одолееме на наметнатите стандарди за убавина и целосно да се прифатиме себеси?

Еден од најголемите предизвици на денешницата е да одолееме на наметнатите норми и стандарди за убавина, да ги игнорираме и да се прифатиме себеси без да се изгубиме во сопствените очекувања.

А најдобриот начин да го направиме тоа е да бидеме свои и автентични – да го прифатиме она што не’ прави уникатни и да ја раскажеме приказната која не’ прави #СкрозЈас.

Ваквата порака одекна силно кога на почетокот на годината, dm дрогерии ја започнаа иницијативата #СкрозЈас, која ги слави различностите и несовршеностите во светот полн со лажни идеали.

Оваа иницијатива е повик за секој човек, а особено до жените кои често се ставени пред нереални очекувања, да бидат свои и без трошка двоумење да ја раскажат својата приказна.

Многумина мислат дека она што го гледаат на социјалните мрежи, на телевизија, во кино итн, се вистинските луѓе, дека се токму такви кога ќе се сретнат на улица.

Во многу случаи тоа е далеку од вистината, а луѓето се всушност сосема обични и честопати страдаат како и останатите. За жал, ретко кој од нив, без поттик би проговорел за својата борба и човечност.

Доблестите се секако дел од една ваква широка иницијатива, не се задржува на само тоа, поентата е да се истражат внатрешните мисли.

Секој од нас длабоко во себе носи голем свет и токму откривањето на овој свет е поттик да се преземе чекор, макар и мал кон она што би можело да се нарече целосна автентичност на една личност.

Она што dm дрогерии сакаат да го пренесат како порака со иницијативата #СкрозЈас е враќање кон автентичноста, кон она што отсекогаш сме биле, пред некој друг да ни каже какви треба да бидеме. Бидејќи не е храброст да бидеш совршен, туку да бидеш свој!

За многу луѓе, особено од младата генерација кои живеат исклучиво онлајн, е тешко е да се откажат од наметнатите идеали за убавина. Но, вистинското јас се крие во секој од нас.

Треба да посегнеме и да го извадиме на виделина за конечно да видиме каква убавина лежи во нашето сопствено #СкрозЈас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

 

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандалозен крај на преговорите: СПЦ ја врати МПЦ-ОА во 1959 година, објави религија.мк

Редакција

(Фото) Се ожени доктор Кунгуловски

Редакција

Протест за Фросина во сабота во Неготино

Редакција