еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Снег ќе врне и утре, на планините снежна покривка и над 50 сантиметри

На целата територија на Македонија денеска има врнежи од снег, кои ќе продолжат и утре, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Скопје покриено со снег

Во западните делови тие ќе бидат обилни, со количини над 40 литри на квадратен метар.

Во многу региони ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините нејзината висина ќе надмине 50 сантиметри.

Во југозападниот дел од земјата се очекува снежна покривка повисока од 20 сантиметри.

Ниските температури, придружени со засилен северен ветер, ќе предизвикаат појава на голомразица и снежни наноси.

Во Скопје снегот започна да паѓа синоќа, а врнежите ќе продолжат и во текот на денот, со повремени пообилни периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утре се очекува повремен снег, а до петок времето ќе остане студено и променливо облачно, со можност за повремено провејување слаб снег.

Најниските температури ќе се спуштат под нулата, достигнувајќи до -10°C во среда, додека дневните ќе се движат меѓу -4°C и 6°C.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само за Скопје повеќе од милион евра за справување со снегот и мразот

Досега 3,5 милиони евра за зимско одржување на улиците и патиштата, сумата ќе расте

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој стана премиер на техничката влада

Редакција

Груевски, Јанакиески, Пешевски нема да одговараат, застаре и случајот „Траекторија“

Редакција

Колкави надоместоци имаат членовите на НО на Стопанска банка Скопје

Редакција