Од Соравија Инвест ДООЕЛ Скопје, која е сопственик на бизнис центарот „Соравија„ во Скопје информираа дека истиот се ребрендирал во „Кула Валхала“ и дека бараат правни механизми за да ја запрат лицитацијата за негова продажба, по барање на извршител, поради долг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Соравија“ на извршителска продажба, за да учествувате ви требаат минимум 22,4 милиони евра
Јавното надавање е закажано за 24. април, а центарот заврши на извршителска продажба по барање на доверителот Прва инвестициска банка од Софија, Бугарија, за долг од 930 илјади евра.
Според сопственикот на центарот закажаната лицитација била незаконска.
-Утврдуваме дека овој процес на заплена е инициран незаконски и еднострано од повеќе доверители во наводен дослух со поранешното раководство на зградата.
Според нас, оваа акција е без правна заслуга и е преземена без соодветна основа или согласност од сегашните вистински сопственици.
Соравија Инвест ДООЕЛ категорично ја отфрла легитимноста на овие постапки и брзо тргна да ги оспорува по судски пат, велат од таму и меѓудругото посочуваат дека поднеле тужба до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„
Јавен обвинител се уште не барал исказ од Дрин Ахмети за “Соравиа“
„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде
Фото: Соравиа