еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирусот.

Тој е асимтоматски, меѓутоа имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза, по што бил направен тестот и тој е позитивен.

Филипче рече дека се направени епидемиолошки анкети, бидејќи бил во контакт со колегите од болницата и преземени се мерки.

“Заедно со психијатрите од Клиниката во Скопје ја организиравме работата во болницата во Демир Хисар со колегите психијатри од другите институции во Битола и Прилеп.

До завршување на самоизолацијата, тие ќе бидат прераспределени во оваа болница.

По потреба ќе бидат вклучени и психијатрите од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.

Сите пациенти на кои ќе им биде индициран хоспитален третман, ќе бидат упатени во другите центри во Битола, Охрид или во Прилеп. Доколку има индикација за итност, Клиниката во кое било време во Скопје ќе ги прима тие пациенти“, рече Филипче.

Министерот рече и дека ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп што го управува Психијатриската болница во Демир Хисар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова веб-страница на која може да се добиваат информации за корона вирусот

Вкупната бројка на заболени од корона вирусот 384 лица: Потврдени 30 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Коронавирусот, сепак, не е дел од теориите на заговор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Фросина Ременски која е именувана за конзул во Венеција

Редакција

Денеска претседателски избори во Турција: Што нудат најсериозните кандидати за победа, Ердоган и Киличдароглу

Редакција

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Редакција