еМагазин
Image default
Македонија

Нова веб-страница на која може да се добиваат информации за корона вирусот

Владата објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.

-Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација.

На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата, се вели во соопшштението на Владата.

Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Андроид и иОС) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните.

Апликациите ќе можат да се преземат од новата веб страница: www.koronavirus.gov.mk/app.

Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи: facebook.com/koronavirus.gov.mk, instagram.com/koronavirus.gov.mk, twitter.com/KoronavirusMK.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупната бројка на заболени од корона вирусот 384 лица: Потврдени 30 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Коронавирусот, сепак, не е дел од теориите на заговор

Како дома да се лекуваат пациентите со полесни симптоми на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Румен Радев и Кирил Петков заедно ќе го посетат Благоевград и ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Редакција

Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

Редакција

32 пациенти со корона вирусот хоспитализирани во Козле, шест се деца

Редакција