Студентите на Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ) ќе организираат заеднички час во форма на искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан.
„Денеска со почеток од 12 часот на Платото на УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите.
На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе.
Воедно, ве известуваме дека заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21. март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица
Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани