еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Судскиот совет одлучи Обвинителството да го преземе случајот во кој од Македонски телеком Фокуснет од Штип бара 4 милиони евра

Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот за предметот на Апелациониот суд во кој фирмата Фокуснет од Штип бара од Македонски телеком 4 милиони евра.

Извештајот беше усвоен со 12 гласа за, а во истиот се нотираат одредени пропусти во постапката и одлучи Основното јавно обвинителство да го преземе случајот.

Пред седницата на Судскиот совет Фокуснет реагираше со соопштение во кое меѓудругото тврди дека Македонски телеком продолжува со манипулативни активности во обид да избегне исплата на штета утврдена со пресуда на Апелациониот суд.

еМагазин вчера објави дека Обвинителството веќе има оформено предмет за овој случај и истиот е распореден кај надлежен јавен обвинител.

Пресудата за овој случај од страна на Апелациониот суд пред неколку дена беше преиначена од првостепената, во корист на фирмата.

Министерот за транспорт Александар Николовски пред извесно време побара од Обвинителството да го испита случајот.

Министерството за случајот било известено по службена должност, а Николовски вели дека известувањето кое го добил покажало во каква лоша состојбата е македонското судство.

Тој очекува Обвинителството да постапи по овој предмет и да се расчисти овој случај, да се види кој судија од Апелација донел таква одлука и зошто е донесена ваква одлука.

За него е сомнително што Апелација во ист ден имала две различни изјави за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството оформи предмет за случајот во кој од Македонски телеком човек фирма од Штип бара 4 милиони евра

Ќе реагираат ли институциите за случајот во кој човек фирма од Штип бара од Македонски телеком 4 милиони евра?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пецовски повторно купи, а Туџарова Трајковска продаде акции во Реплек

Редакција

Детален преглед: Кои жени претприемачи добија субвенции од државата?

Редакција

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката во првите три месеци од годинава

Редакција