еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Тинекс најавува намалување на цените на голем број производи

Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31. jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство.

„Станува збор за производи, кои се клучни за функционирањето на домаќинствата и веруваме дека ќе придонесат во заштеди на семејниот буџет.

Маркетите се само дел од ланецот на дистрибуција на прехранбените и останатите производи, со што можноста за влијание врз цените е навистина минимална. Најголем дел од зголемувањата доаѓаат заради фактот што нашиот пазар е увозно зависен во голем дел од прехранбените производи, па така при промена, односно покачување на увозните цени доаѓа до покачување и на малопродажните цени, кои купувачите ги забележуваат во маркетите.

Таков е случајот со производи како кафето и какаото, кои на светските берзи забележуваат раст во цена дури до 30%, што потоа влијае и врз растот на чоколадите и кондиторските производи. Увозните млечни производи од Германија исто така имаат раст во цените на берзите од 15-20%.

Направените анализи во последните четири месеци од 2024 година покажуваат зголемување од 9% на просечните набавни цени во однос на истиот период во 2023 година. И покрај сето ова, Тинекс секогаш има слух за потребите на потрошувачите и успеваме да понудиме производи со прифатливи цени.

Дополнително, водени од фактот дека купувачите и нивното задоволство се наш приоритет, редовно инвестираме во програми, кои имаат бројни бенефити за купувачите во нашите продажни места. Тука е програмата за лојалност „Поен+” во рамки на која со секое пазарување се собираат поени кои подоцна може да се користат за плаќање при некое од следните пазарувања,“ се вели во соопштението.

Уште една поволност и придонес кон заштеда во семејниот буџет е програмата на Тинекс и Mastercard, каде што потрошувачите можат да добијат до 10% кеш бек. Прогрaмата ќе биде достапна и во тек на месец февруари, на касите за самонаплата.

Дополнително, како резултат на одличната соработка со банките, при пазарувањето во Тинекс купувачите имаат можност да плаќаат на рати без камата, што е дополнително олеснување на месечниот буџет.

Тинекс и понатаму ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно и да ги става интересите на потрошувачите на прво место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешна Југославија се „обедини“ за бојкот на маркетите

И министерот за економија даде подршка за бојкотот на маркетите

Од денеска контроли врз супермаркетите и други трговски објекти, најави Мицкоски

Фото: Unsplash

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 8.042: Од Ковид-19 починаа 6 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција

Бугарскиот амбасадор денеска на разговор во македонското МНР, оти го немаше македонското знаме на средбите во Софија

Редакција

(Видео) Со кој сѐ се сретна досега Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон

Редакција