Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по обвинувањето од страна на опозициската СДСМ, дека поседува стан во подарениот имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, на Фејсбук меѓудругото вели дека не поседува ништо надвор од тоа што пријавил во неговиот анкетен лист доставен до Антикорупциската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И Панче Тошковски има стан во поклонетиот имот на Јанушев, тврди СДСМ
-Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседувам ништо друго.
Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет, напиша тој.
еМагазин неодамна го објави неговиот анкетен лист, за кој денеска од СДСМ рекоа дека не е објавен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи
Фото: МВР