еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стојанче Ангелов: Оставка поради случајот со овчарот во кратовско би била дезертерство

Комисијата на Центарот за управуање со кризи работи на расветлување на случајот со извлекувањето од кратовско Емирица и укажа на слабостите на целиот систем. Ги бараме пропустите и бараме одговорност, со цел да го отстраниме и да не се повторуваат во иднина, изјави на денешната прес-конфернеција претседателот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Доколу се утврди вина кај некој од учесниците во целата постапка, Ангелов најави, покренување на дисциплинска постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија живот не вреди ни пет пари

„Од Комисијата е констатирано дека од оперативецот во Кратово не е побарано хеликоптер и не е известена Дирекцијата за заштита и спасување. Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за истото ќе биде покрената дисциплинска постапка“, изјави Ангелов.

За целосно расветлување на настанот, Ангелов рече дека одговорноста ќе ја бара и треба да се слушнат сите страни, за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и Министерството за локална самоуправа.

Од Министерството за здравство, Ангелов рече дека бараат да одговори што предвидуваат нивните протоколи во ваква или слична ситуација и дали членовите на лекарската екипа од брзата помош имале комуникација со ЦУК и што им било одговорено.

Од Министерството за локална самоуправа бараат одговор зошто од институциите од локална власт не било испратено теренско возило и дополнителни сили за помош, како и зошто градоначалникот не побарал ангажман на републичките сили за Заштита и спасување и не се ангажирани силите и ресурсите на Територијалната противпожарна единица во Кратово.

Од МВР, рече Ангелов, бараме одговор зошто од полициските службеници не било обезбедено теренско возило и не бил побаран хеликоптер, како и детален извештај од разговорот на лекарската екипа и полициските службеници.

„Од оние информации кои се досега достапни, од страна на кратовската полиција е испратена понуда до екипата на Брзата помош да бидат пратени неколку млади полицајци, кои би помогнале во извлекувањето на болното лице, за жал сега починато, но истите биле одбиени“, рече Ангелов.

Оставката, според Ангелов, во оваа фаза е еден вид дезертерство и затоа останува на функцијата, со цел целосна реформа на системот за управување со кризи.

„Директор сум четири месеци. Средувањето на состојбата во ЦУК и целиот систем ќе биде долготраен и сложен процес, за кој треба уште време. Не сум дезертер и не се повлекувам од борба. Останувам посветено да го завршам она, поради кое дојдов овде – целосна реформа на системот за управување со кризи“, рече Ангелов.

Тој нагласи дека има мандат од Владата и доколку биде побарана одговорност од него, ќе ја прифати.

Ангелов најави дека во моментов се работи на воспоставување и имплементација на повикувачки европски број за помош 112. Ангелов посочи дека на овој број граѓаните ќе ја добијат помошта што им е потребна во моментот, односно пријава на физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош.

„Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број“, изјави Ангелов.

Тој додаде дека државата досега има обезбедено просторни услови и работат на селекција на луѓе кои ќе работат на овој број, односно приматели на повиците на линијата 112.

Ангелов најави дека процесот е во тек и се очекува бројот да биде во функција во текот на јуни оваа година. Во однос на сегашните броеви за прва помош, Ангелов истакна дека тие нема да бидат укинати веднаш и во прва фаза, според нивна проценка, броевите ќе бидат активни околу една до две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 63-годишниот маж од кратовско кој пет часа го носеа на раце за да добие помош

Никола Димитров: Смртта на овчарот од кратовско не смее да мине без конкретна одговорност

МИА/Фото: Фејсбук/Ангелов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Редакција

Убава вест: 11 здравствени работници од Инфективното одделение во Штип негативни на Ковид 19

Редакција

Пендаровски го покани Милков да ја посети Ваташа, Ковачевски чека од бугарскиот министер појаснување за скандалозната изјава

Редакција