еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Систина“ нема да ги намали цените за лекување ковид-пациенти, од „Жан Митрев“ изразиле подготвеност да ги намалат

Приватната болница „Аџибадем Систина“ нема да ги намали цените за лекување на болните од ковид, бидејќи немале економска логика, а од клиниката “Жан Митрев“ изразиле подготвеност да ги намалат, а потврда се очекува денеска, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот информираше дека разговарал со претставници на трите приватни болници, „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“ и, како што рече, иако апелирал да се намалат цените, бидејќи сме во време на здравствена криза и пандемија, од „Систина“ добил негативен одговор, од „Жан Митрев“ прифатиле, а во „Ремедика“ воопшто не се лекуваат ковид-пациенти.

Тој рече дека државата немала правно-формални механизми за да влијае на цените на приватните болници.

Информираше и дека од утре осум специјалисти од приватните болници (пет од „Систина“, двајца од „Ремедика„ и еден од „Жан Митрев“) ќе се вклучат во лекување на ковид-пациентите во јавното здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија живот не вреди ни пет пари

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реплек АД“ инвестира 43 милиони денари во фотоволтаична централа – 40% од потребите за електрична енергија од обновливи извори

Редакција

Македонски Телеком ја зголемува добивката и бележи раст на корисничката база во третиот квартал на 2019

Редакција

(Видео) Џафери до Апасиев: Не ми мафтај со прстот, оти може да ти биде скршен

Редакција