еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина 63-годишниот маж од кратовско кој пет часа го носеа на раце за да добие помош

Почина шеесет и тригодишниот жител на кратовското село Емирица кој поради неефикасноста на надлежните институции не доби помош кога му беше најпотребно, пренесе Телма.

Станува збор за човекот чијашто судбина деновиве ја преокупира македонската јавност откако Павле Зафиров, доктор во Итната помош во Здравствениот дом Кратово на својот Фејсбук профил објави дека поради недостапниот терен медицинската екипа морала пет часа на раце да го носи повредениот во импровизирана носилка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Од Центарот за управување кризи (ЦУК) денес информираа дека Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24) почна со работа за да се утврдат евентуални пропусти за овој случај.

„Тоа е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица“, соопшти ЦУК.

Комисијата, како што најави на вчерашната прес-конфернција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризи, за истите да бидат надминати во иднина.

Фото: Фејсбук/Павле Зафиров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бомба фрлена во дворот на синот на Амди Бајрам, Габриел

Редакција

Македонија и Албанија може да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ

Редакција

Денеска почнува пролетта, сончeво и топло време со температура до 21 степени

Редакција