еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на својот Фејсбук, невообичаено за македонски функционер, коментира за нефункционалноста на институциите.

“Сосем случајно го прочитав постот на Павле Зафиров, една неверојатно трогателна приказна за пожртвуваност, човечност и професионалност испреплетена со сведоштва за нефункционалност на институциите и непреземање на одговорност.

Зафиров како доктор сведочи за повеќечасовна битка да се спаси човечки живот, да му се помогне на повреден овчар во завеан планински предел крај Кратово, битка во којашто повиканите институции не се одзвале да помогнат.

Според ова сведоштво, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, Противпожарната единица не можела да помогне, Општината не била достапна, оставајќи го овој млад лекар заедно со медицински техничар и шофер и неколку роднини на повредениот (вклучително неговата 90 годишна мајка) 5 часа на раце да го носат овчарот во импровизирано носило низ козји патеки.

Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.

Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек… јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.

Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија.

Сите директно повикани, но и сите ние како јавни функционери, сме должни да притискаме и да се бориме за како што и самиот Зафиров вели – да се постават правила, принципи и стандарди.

Итно е потребна ревизија на процедурите во вакви случаи, строго делегирање на надлежности и се разбира одговорност.

Правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува.

Капа долу за пожртвуваноста, професионалноста и неверојатната големина на човечката душа што овие луѓе ја покажале во време кога токму солидарноста и емпатијата се на најсилен тест“, напиша Димитров на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Димитров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 75 случаи на Ковид-19, оздравени 99, нема починати

Редакција

Македонија не треба да очекува да ги почне преговорите во јуни, смета Ќучук, известувач на ЕП за земјава

Редакција

Заев за избори во првиот можен термин, Мицкоски на крајот на летото

Редакција