еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Tоа е штала, и функционирала така 15 години со криминал, со мито, со корупција, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека во полициски станици на подрачјето на Скопје и на Тетово се приведени пет лица, се обавуваат службени разговори, меѓу кои и со поранешен министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер Бектеши на распит, потпис на фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека ставила Чекиќ-Дуровиќ

Од СВР Штип се приведени 13 лица, неформален сопственик на дикотека, продавач на влезници, лица од обезбедување, сопственик на објект на дискотека, три лица од Државен пазарен инспекторат, едно лице од Трудов инспекторат, и уште едно лице кое било поврзано со настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

На 11 лица им е одреден 48-часовен притвор.

„Издавањето на лиценца е под надлежност на Министерство за економија, и правното лице нема издадено важечка лиценца, и сопственикот приложил фалсификат лиценца. Ќе се врши претрес во дом и патничко возило на сопственик на дискотека, и во книговодствено биро кај одговорното лице.

Во текот на денешниот ден, нема да застанеме со процесни дејствија, односно констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во делот на постапување – огромен број на институции кои согласно закон требало да го следат ставањето на функција на дискотеката, особено во делот на заштита при евентуален пожар, поради што и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени и од МВР, и од други институции. Но, сега не би сакал да откривам детали,“ изјави Тошковски.

Тој рече дека МВР нема обврска да го обезбедува секој угостителски објект во Македонија, а во предметниот случај немало пријава до МВР за потреба на припадници на полицијата.

„Мене ако ме прашате тоа е штала, и функционирала така 15 години, со криминал, со мито, со корупција, незаконски, без никакви услови. За неверување е што 15 години функционирала така“, изјави Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пиротехниката во дискотеката во Кочани ја донел бендот, концертот бил одржан на диво

Градоначалникот Папазов, кој си поднесе оставка, бил на распит во полицијата

(Видео) Цел свет во Кочани, по трагедијата во која загинаа најмалку 59 лица

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила пратеничката Рашела Мизрахи

Редакција

„Бомби“ на судењето за „Титаник“: Јанакиески проверува кој гласал, Јанкулоска му се жали дека Албанците победиле секаде каде што имало мешано население

Редакција

Русија повлекува дел од војниците на границата со Украина, дали ќе има деескалација на напнатоста?

Редакција