еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведен маж од велешко поради предизвикување пожар

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 07.08.2024 година во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М. (50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 06.08.2024 година околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча.

Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воведени зборови на судењето за „Софтвери“, Рашковски вели дека е невин

Редакција

„Хидротек“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за одржување фонтани вреден 575.000 евра

Редакција

„За“ или „против“: Неопходно е да се излезе на гласање на референдумот

Редакција