еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Младиот Никола за кој се сплоти цела Македонија победи во битката со ракот

Младиот Никола Георгиев (19) од Црешево, за кој се сплоти цела Македонија за да му помогне во лекувањето на канцер во Турција, ја победи болеста, информира на својот Фејсбук профил, градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола, кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.

Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.

Ова е победа на сите хумани луѓе!

Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!, напиша Стефковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекувањето на младиот Никола во Турција тече според протокол, во меѓувреме доби работа во Општина Гази Баба

Фото: Општина Гази Баба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 3.000 матуранти биле фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

Редакција

МВР склучи договор со Еуролинк вреден 1,1 милион евра

Редакција

Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“, препорачуваат од Европската агенција за лекови

Редакција