Од 1. јули Унгарија ќе преседава со Европската Унија (ЕУ).
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто пред неколку дена од Париз, Франција, на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), изјави дека во шесмесечното преседавање со Унијата, Унгарија ќе се обиде да започне и „конкретни преговори со новата, силно проинтеграциска ориентирана влада на Северна Македонија“.
Тој најави дека Унгарија ќе отвори нови поглавја во пристапните преговори со Србија и ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.
Сијарто рече и дека Унгарија, за да го забрза проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, планира и затворање на најмалку седум поглавја од преговорите со Црна Гора.
Унгарија планира да ги отвори првите поглавја со Албанија и да ја усвои преговарачката рамка со Босна и Херцеговина, што е прв чекор кон отворање на преговорите.
Фото: Кабинет на претседателот