На Европската Унија не и смета што Украина се уште е во војна, на која никој неможе да и го предвиди крајот, а плус не контролира добар дел од територијата. Да не зборуваме дека земјата е разршуена на сите можни нивоа од инфраструктура до економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ама и смета тоа што Македонија не ги внесе Бугарите во македонскиот Устав, а има кандидатски статус од далечната 2005 година.
ЕУ е подготвена да ја комплетира фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, веднаш штом земјата ќе ја спровела својата заложба за спроведување на уставните измени, стои во вчера усвоените заклучоци за проширувањето на Самитот на ЕУ.
Не и смета и што Бугарија не ги признава Македонците и македонскиот јазик, ама бара земјава која е пример за мултиетничко општество од кое може нешто да научат и Европејците, да ги почитувала правата на сите заедници.
Македонија во тој долг временски период мораше дури и името на државата да го смени, ама и тоа не беше доволно.
Прво ја блокираше „добрососедската„ Грција, членка на ЕУ, потоа друга членка на ЕУ, Франција, а на крај уште „добрососедска„ членка, Бугарија.
Што е најконтрадикторно во трагична приказна за Македонија, но и за ЕУ, постојано сме „бомбардирани“ со барања со добрососедство со земји членки, кои не го почитуваат тоа правило.
За две години ќе поминат дваесет години од како ЕУ ветува дека ќе почнеме преговори, ама постојано не лаже.
И после Русија ширела лажни вести по Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе го продолжи европскиот пат кога ќе ги усвои уставните измени
Само 26% од Европејците се за прием на Македонија во ЕУ, повеќе се за влез на Украина и Молдавија
Фото: Влада