еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Расте бројот на лицата во Македонија кои по третпат заболеле од Ковид-19 и на починати со реинфекции

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 23 јануари, во Македонија се регистрирани вкупно 4.924 реинфекции со Ковид-19.

“Заклучно со 23.01.2022 вкупно се регистрирани 4.924 реинфекции (1,9%), од кои тринаесет се втори реинфекции“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Податоците покажуваат раст на лицата кои по вторпат заболеле со вирусот, но и раст на лицата кои по третпат се заразиле со Ковид-19. Претходната недела нивниот број изнесуваше 7, а минатата недела нивниот број се зголемил на 13.

Зголемениот број на реинфекции се должи на се поголемото присуство на сојот омикрон.

Има раст и на бројот на починати кај лицата со реинфекции. Претходната недела истиот изнесуваше 10, а минатата 11.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст од 25%: Минатата недела 1.559 реинфекции со Ковид-19

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 97 лица починале од Ковид-19

Вкупно 7: Расте бројот на лицата кои по третпат заболеле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се 248. лица што донираа 200.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска Давкова?

Редакција

Ареа ќе одржи акустичен концерт во Битола на 7. октомври

Редакција

15-годишна девојка почина од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Редакција