еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов до Ковачевски: Фатете го бикот за роговите, важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш

На крајот од официјалната посета на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски беше примен од лидерот на бугaрската партија ГЕРБ, Бојко Борисов.

На средбата од бугарска страна присуствуваа двајца поранешни министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Даниел Митов, како и поранешниот вицепремиер Томислав Дончев, пренесува дописникот на МИА од Софија.

Уште на почетокот на средбата Борисов ја напомена улогата на Бугарија за рестартирањето на процесот на евроинтеграции на Западен Балкан, кое започна за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.

Тој исто така нагласи, дека целиот демократски западен свет го прифатил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија во август 2017 година од страна на Борисов и поранешниот премиер Зоран Заев.

За време на разговорот со македонската делегација, предводена од премиерот Ковачевски, Борисов кажа дека Скопје не треба да ги одложува клучните теми за на крај.

– Тоа беше наша грешка. Важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш. Фатете го бикот за роговите. Решете ги веднаш, истакна Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прашањата од „4+1“ ќе одат во еден пакет, но секое од нив има своја динамика на решавање, вели Ковачевски

Нема да има кадровски смени во бугарскиот тим од заедничката историска комисија, најави Петков

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Охис“ и 100 нови згради во Кисела Вода

Редакција

Сашо Давитковски и Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции во Скопски пазар

Редакција

(Фото) Владата на Република Македонија стана Влада на Република Северна Македонија

Редакција