Со месеци на Листата на должници, што секој месец ја објавува Управата за јавни приходи (УЈП), во десетте најголеми должници се и фирмите „Дивелоп груп“ и хотел „Гранд М“, кои се поврзуваат со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште фирма поврзана со Мијалков
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска за Топ Тема на телевизијата Телма вели дека УЈП ги презема сите мерки за наплата на долгот од околу два милиони евра за ДДВ и данок на добивка од овие две фирми.
-Тие се меѓу најголемите должници за неплатен данок, а кои се поврзуваат со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, односно се во сопственост на неговиот син Јордан Мијалков и на Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, рече Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Мијалков купи три станови на татко му на Водно, објави Призма
(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан