Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита Божиќните празници и неговиот именден – празникот на Св. Првомаченик Стефан.
„Претседателот Џафери му посака на г.г. Стефан, како првиот на православната верска заедница добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес во градењето на сигурната иднина за младите генерации, и за напредокот на државата,“ информираат од Собранието.
Кај г.г Стефан присуствуваше и претседателот на државата, Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
„Традиционален ручек што го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден.
Му посакав успешна и плодотворна работа, во годината кога се одбележува 25 години од неговото востоличување за Архиепископ охридски и македонски.
Нека е честит и за многу години празникот посветен на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан,“ информираа од Кабинетот на претседателот.
Фото: Собрание/Кабинет на претседателот