еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот модел Сара Стои во едиториал за српскиот Харперс Базар

Нашиот маркантен модел Сара Стои, после Сеул, Јужна Кореја ја продолжи својата кариера во европските модни центри, па така неодамна работеше моден едиторијал за српското издание на престижниот Харперс Базар.

Нејзината кариера со моделинг започна пред неколку години, но поголемите ангажмани започна да ги добива кога потпиша договор со Јелена Ивановиќ од Белград и нејзината агенција JS’ Management.

„Сара е една прекрасна и професионална убавица која стрпливо и предадено ја чекаше својата шанса во светскиот моделинг,“ вели Алек Наумовски од Моделс Ин кој ја застапува локално само за македонскиот пазар .

Помеѓу останатите проекти како највпечатливи се модниот едиторијал за светскиот моден магазин L‘Officiel и кампањата за француската модна куќа Maison Margiela .

Незаприлива и комплетно своја Сара ја гради својата кариера како успешен македонски модел и на наша огромна радост не представува во вистинско светло. Восхит и гордост е да се знае дека полека но сигурно има се поголем број на наши модели кои успешно работат во светскиот моделинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за Оливер Спасовски за документите и од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Пендаровски: Благодарност до Србија, но, тоа беше срам за нашата држава

Редакција

(Видео) 48 часа по промоцијата, вандализиран виртуелниот споменик на Григор Прличев во Охрид

Редакција