еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за Оливер Спасовски за документите и од ВМРО-ДПМНЕ

По партијата „Знам„ – за Наша Македонија на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска кривична пријава за личните документи за поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Оливер Спасовски за обрасците за личните документи од „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски

Кривичната како што објаснија од партијата е поради тоа што тој во својство на министер во период од околу две ипол години издавал лични документи за кои што “знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок колку што е ставен во документите, туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година“.

-Имено, тој овој период од 12.02.2019 година, па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи, кое што впрочем ги издава овие документи, нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета, изјави пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Според партијата Спасовски извршил злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата, а кривичната се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон.

-Очекуваме од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски, бидејќи одговорност во оваа држава мора да има, рече Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А што со граѓаните кои платија за возачките и сообраќајните дозволи и другите документи со „Северна“?

(Фото) “Цвета“ бизнисот со налепници НМК

Пет иницијативи до Уставен за личните карти, возачките дозволи и пасошите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во февруари 12.556 работници не добиле плата, а во март околу 32 илјади

Редакција

Убава вест: 11 здравствени работници од Инфективното одделение во Штип негативни на Ковид 19

Редакција

Се затвора регионалниот пункт за вакцинирање во Охрид

Редакција