еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот од Левица

Вицепремиерот задолжен за кординација за политички прашања за ресорите и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците од владејачката ДУИ, Артан Груби денеска доби кривична пријава од опозициската Левица за противправно стекнување и прикривање имот.

-Правниот сектор на политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против потпретседателот на Владата на Република Македонија – Артан Груби од ДУИ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање имот“ – казниво по чл. 359-а, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена парична и затворска казна од шест месеци до пет години.

Пријавениот се терети дека – во својство на овластено службено лице, како вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на РМ – не го пријавил опожареното возило „Ауди“ во својот анкетен лист, иако – како избрано или именувано лице, т.е. јавен функционер бил должен тоа да го стори во законски регулирана постапка предвидена пред Држвната комисија за спречување на корупцијата.

Со цел да го прикрие Аудито, тој свесно и со умисла не го навел во Изјавата за имотната состојба и со помош на лицето Беким Лимани, во својство на помагач, возилото го завел како сопственост на Лимани – против кого исто така е поднесена пријава за „помагање“ сторено преку однапред ветено прикривање на кривичното дело, што е казниво по чл. 24 од КЗ.

Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавениот и сведоците, како и по професионалното комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против актуелниот министер, со што еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената злоупотреба која се прави од недопирливите јавни функционери на власта, во однос на прикривање на нивните реални имоти и противправно стекнати богатства, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Артан Груби, кој нема да биде прв вицепремиер во техничката влада

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Mајмунски“ обид за повторен страв кај населението, слободно планирајте си летни одмори, вели Беќаровски за „мајмунските сипаници“

Редакција

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Редакција

Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште

Редакција