еМагазин
Image default
Македонија

Се затвора регионалниот пункт за вакцинирање во Охрид

Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид од понеделник повторно ќе им биде на располагање на спортистите, за кога е предвидено затворање на овој регионален центар за имунизација на населението.

Изминатите 75 дена во салата се вршеше масовна имунизација на населението од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Дебрца и Ресен и беа вакцинирани над 58 илјади лица.

Во салата сега се врши само ревакцинација на граѓаните односно се имунизираат лицата со втора доза од вакцините, додека процесот на имунизација на граѓаните ќе се спроведува на локално ниво, во здравствените установи низ градовите, како и со мобилни екипи што ќе вршат вакцинирање на терен.

Комплетното опремување и оддржување на регионалниот вакцинален пункт во Охрид го спроведе „СОС Балканмедиа“ од Охрид, во соработка со ковид-центарот при Општата болница од Охрид и охридскиот Здравствен дом, со логистичка поддршка на Општина Охрид.

За спроведување на процесот беше ангажиран медицински тим, кој мошне добро го организираше процесот на имунизација, за што беа ангажирани 40 медицински сестри и десет лекари од ЈЗУ Општа болница-Охрид и Центарот за јавно здравје од Охрид.

Граѓаните кои се вакцинираа во Охрид речиси без исклучок беа задоволни од текот на имунизацијата и од процесот што се одвиваше без застои, чекања и согласно утврдената динамика.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кластерите во Скопје од 15 пораснаа на 41: Најголем број од заболените се заразиле на семејни или на други собири

Редакција

Рајчев: Наводите на Марјан Стаменковски се невистини, ќе поднесам тужба за клевета

Редакција

Писмо од наставничка која девет години поминувала по 236 километри до работно место и деновиве добила отказ

Редакција