Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните, покажа анкетата на МКД.мк и Маркет вижн.
Нему му веруваат 25,4 проценти од испитаниците.
Втор е лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети со 6,2%, а на трето место се лидерот на СДСМ, Венко Филипче и министерот за здравство, Арбен Таравари, чие крило од Алијанса за Албанците е дел од Владата, со 3,8%.
Дури 16,6% од граѓаните сметаат дека ниту еден политичар не ја заслужува нивната доверба.
Анкетата е спроведена од 20 март до 17. април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година.
Фото: Влада/илустрација: МКД