Синоќа биле хоспитализирани уште 20 повредени лица од пожарот во т.н. дискотека во Кочани, а меѓу нив и тројца пожарникари, информираше на Фејсбук директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски.
Во Клиничкиот центар во Скопје се згрижени 60 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ ,17, а во болницата „Св. Наум Охридски“, 12.
Дополнително, во приватните клиники „Аџибадем Систина“ се лекуваат осум лица, а во „Жан Митрев“ шест.
Во странство се пренесени 24 повредени – 13 во Србија, двајца во Словенија, четворица во Литванија, еден во Бугарија и четворица во Австрија (Виена и Грац).
Со тоа, вкупниот број на повредени кои се лекуваат надвор од земјава достигна 73.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?
(Вознемирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани, Ројтерс објави снимка од подготовките
Фото: МЗ