еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Цел список: 86 актуелни и поранешни функционери парично казнети од Антикорпциска

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) парично казни дури 86 поранешни и актуелни функционери поради тоа што не го пријавиле имотот, не доставиле барани документи во предвиден рок или не се изземале во одредена постапка.

Казните се движат од 200 до 500 евра.

Меѓу казнетите за недоставување на документација се и поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, кој треба да плати казна од 200 евра, како и поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити.

Казна од 300 евра за непријавување имот по престанок на функцијата, треба да платат и поранешниот технички премиер, претседател на Собранието и пратеник, Талат Џафери, како и пратеникот Борислав Крмов, по изборот и по престанок на функцијата пратеник, Арбер Адеми и Иванка Василева, по престанок на функцијата пратеник во Собранието, Изет Меџити, актуелниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и Јована Мојсовска по избор на функцијата пратеник во Собранието, Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија, оти ја прекршил забраната за користење на грант, заеми, односно финансиска поддршка…

Целиот список ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Код инженеринг“ го доби тендерот на општина Центар за одржување на уличното осветлување вреден 73.000 евра

Редакција

Раст од 28,9%: Минатата недела 49 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Бројката на заболени од корона вирусот останува на 35, но се тестираат 30 лица

Редакција