еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар

Од вечерва на полноќ за половина денар поскапува бензинот Еуросупер БС-95. Цената на бензиниот Еуросупер БС-98, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1),  остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак се зголемува за 0,080 ден/кг.

Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 83 денари за литар, бензиниот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 85 денари за литар, дизел горивото Еуродизелот (Д-Е V) за 76,50 денари за литар, маслото за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 75 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 48,008 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ го освојува пазарот во Швајцарија со машините за додавање лим на CNC ласери 

Редакција

Попладне нестабилно со пороен дожд, од вторник стабилизација на времето

Редакција

Како да ја симнете: Достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство

Редакција