еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Чуд(ес)ен спој помеѓу Тони Китановски и Гоце САФ, во Јавна соба во сабота

Не престануваат пријатните саботни изненадувања во рамки на мини фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна соба. Вообичаено, поткровјата асоцираат на места каде се складираат чудни нешта, лични работи, битни спомени. Поткровјето во Јавна соба во саботите навечер е резервирано за светска, а наша музика, во една топла и интимна атмосфера каде бендот и публиката од 200 посетители толку лесно се разбираат.

Оваа сабота, 16. март, нè очекува „Афро гитано“, со оригинална музика снимена на три континенти во пет земји (Конго, Канада, Франција, Австрија, и Македонија). Проектот е во соработка помеѓу Тони Китановски и Eric Malu Malu од Киншаса, Конго. „Афро гитано“ на композиторско ниво е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка (Конго и Западна Африка).

Отворениот концепт овозможува истражувања со други музички стилови, како во случајот со ДЈ Гоце и хип-хоп жанрот.

World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Влезницата чини 400 денари: drugastrana.mk.

„Не сме биле сведоци на толку слична атмосфера секоја сабота како на свирките на овој фестивал, редовно има три биса и сплотување на публиката која на крај извикува: УШТЕ!,“ вели организаторот на настанот.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Редакција

Ќе остане ли утре Скопје повторно без јавен превоз, автобусите на ЈСП нема да возат

Редакција

Фатиме Фeтаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски се пријавиле за местото на Јовевски

Редакција