Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт, Александар Николовски по наодите на Државниот завод за ревизија, за наводни нерегуларности во работењето на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), ги отфрламе како неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина, реагираат од ЈПДП.
„Минатата година започна со реализација и најголемиот инфраструктурен проект во историјата на современата македонска држава, тоа се европските Коридор 8 и Коридор 10д.
Во сите овие реализирани проекти, од страна на ЈПДП и менаџментот, испочитувани се сите законски процедури, за коишто има и соодветна документација. Од друга страна, пак, за сето ова, навремено, транспарентно и отчетно е информирана јавноста, и тоа во сите фази од реализацијата на проектите на коишто работело претпријатието,“ велат од таму.
Во однос на изградбата на автопатиштата, од ЈПДП изнесуваат детали.
„Проект за изградба на автопат, патна делница Кичево-Охрид. Вредноста на договорот е зголемена со Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните проекти, за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, објавен во Службен весник бр.208 од 14.11.2018 година.
Проект втора делница ТЕН-Т проект за автопат од Скопје до граница Косово, проценетата вредност од 112 милиони евра е зголемена на 198 милиони евра од страна на независна техничка консултантска куќа – Аткинс, ангажирана од ЕБОР, во соработка со проектантот Конзорциумот Хил Интернешнл, избран преку ИПФ 7 со грант од Европска комисија. При изборот на консултантската куќа и проектантот, ЈПДП немал и не може да има никакво влијание,“ се додава во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада