Градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски, денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против непознат сторител, во врска со ставањето на неговото име на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.
„Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до ЈО оддел за организиран криминал и корупција и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме.
Јас сум длабоко убеден дека ова не е од истражни органи, дека ова не е од претставници на Амбасадата и официјалната американска политика, туку е од македонски кодоши кои што се впуштени во овие нечесни игри и кои цело време суфлираат кој е тој што треба да се најде на црна листа, без при тоа да има какви било истраги и докази, туку по наратив кој што тие ќе го создадат во јавност дека овој е криминалец, итн.,“ изјави Јакимовски.
Според него, мора да одговорат на прашањето сите оние што во изминативе неколку месеци интензивно поднесувале што е можно повеќе кривични пријави кои немаат основаност.
Јакимовски се сомнева и на политички реваншизам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кој заврши на „црната листа„ на САД
Фото: Фејсбук/Јакимовски