еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Каролина на синоќешниот концерт ја „запали“ публиката, таа и возврати двојно

Каролина Гочева секогаш на своите концерти блеска, но синоќешниот концерт во Pure беше чиста емоција помеѓу нејзе и публиката.

Присутните во еден глас ги пееја нејзините песни, кои речиси сите до една, во различни периоди биле хитови.

Од најмлади до повозрасни, беа четвртиот вокал на концертот, на кој Каролина и нејзиниот бенд, комплетно се дадоа себе си.

Синоќа беше вториот концерт по повод „Први март“, познат хит од Каролина, на кој датум всушност го одржа и првиот од низата концерти кои ќе ги има и во другите градови.

Таа испеа речиси 30 песни, и повеќе од два часа приреди незаборавно доживување, дотолку што публиката беше подготвена на целовечерна журка.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Доцнев на прв час, се изгубив во смогот“: Најсилни пораки од протестот на средношколците

Редакција

Граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат во Врање без закажување

Редакција

(Фото) Велешанка со инвалидитет паркирала и платила на место за инвалиди, платила казна оти не била од Скопје

Редакција