еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се ревидира проектот за автопат од Скопје до Блаце, ќе се гради по друга траса

Следниот месец ќе се ревидира проектот за изградба на автопат од Скопје до Блаце, најави вчера министерот за транспорт Александар Николоски.

Тој посочи дека од предвидените 14 километри, изградени се само два, а за преостанатите 12 километри техничката документација е речиси невозможна.

-Трасата оди низ планина шест километри и ако ова е изводливо, тогаш ќе чини многу повеќе од предвиденото, рече тој.

Денеска за автопатот се огласи и неговата заменичка Калтрина Зеколи Шаќири, која дообјасни дека не е доведена во прашање изградбата на автопатот, туку се бара посоодветно решение, а Министерството разгледува можности за алтернативна траса, која ќе поминува покрај постојната патека.

Во нејзиното писмено соопштение се наведува дека поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на Јавното претпријатие за државни патишта, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини, сега ќе се бара поодржливо решение.

Во истото се посочува дека од планираните 12 километри, шест километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект исклучително скап без јасни причини со проценета цена од околу 240 милиони евра за преостанатите 12 километри, односно 20 милиони евра по километар.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авионите со жртвите од несреќата ќе пристигнат утре во 9 часот, на плоштадот „Скендербег“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Редакција

Невработеноста во Македонија 12,5%

Редакција