еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокатот на таткото на Вања најави постапка за тортура врз неговиот клиент

Адвокатот на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, Владимир Туфегџиќ, денеска најави постапка за тортура врз неговиот клиент.

-Во оваа фаза на постапката се откажавме да се изведе како доказ медицинската документација за извршени прегледи кај мојот клиент Александар Ѓорчевски. Тие докази се неспорни и се составни од кривичниот предмет во претходната постапка, така што, во тој дел немаме ништо спорно.

И со тој дел ќе ја насочиме постапката за тортура, пред надлежното јавно обвинителство, кога ќе дојде време за таа работа, изјави тој.

Тој исто така по завршувањето на денешното рочиште посочи дека мајката на Ѓорчевска, а не нејзиниот татко прва изразила сомнеж дека е киднапирана.

– Во таа насока, со тоа докажуваме дека на Александар не може да му се става на товар дека тој е првиот што се посомневал дека детето е киднапирано. Тоа било општ впечаток во семејството, имало различни размислувања и стравувања во таа насока, што е многу природно во таква состојба, рече Туфегџиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките од дворот на Манев не се од вечерата пред убиството на Жежовски, тврди адвокатот на Видоевски

Член на Десна сведочеше дека за време на убиството на Вања се допишувал со Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За одбраната е „лажен сведок“: Заврши сослушувањето на загрозениот сведок во „Монструм“

Редакција

(Фото) Југославија се собра на Саемот во Белград за вакцинација против Ковид-19

Редакција

Апасиев го “подбраа„ на Твитер за пратеничкиот имунитет

Редакција