еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни шест пожари во Македонија, три под контрола

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека во текот на денешниот ден имало вкупно 12 пожари на отворено од кои шест се активни, три под контрола, а три се изгаснати.

Активни се пожарите на планината Мукос меѓу селата Степанци, Оморани и Ораов Дол каде гори мешана шума и во селото Долно Јаболчиште кон планинскиот масив Лисец во Општина Чашка каде гори ниска вегетација.

Активни пожари има и во Општина Долнени меѓу селата Десово и Дреновци, и во Општина Прилеп меѓу селата Пештани, Кокре и Кален, каде е опожарена ниска вегетација.

Гори и во Општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, кај полигонот Криволак, како и меѓу селата Студеничани-Моране во Општина Студеничани.

Под контрола се пожарите кај селото Дурфулија во Општина Лозово, кај селото Острец во Општина Битола и кај селото Србиново кон Железна рака во Општина Гостивар.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева на Бучковски му предложила акционен план за спроведување на Договорот со Бугарија

Редакција

Детали за убиството во Прилеп: Полицаецот од убиенот зел 4.000 евра

Редакција

Скопјанецот кој почина од корона вирусот имал претходни заболувања

Редакција