Крилото од поделената Алијанса за Албанците (АА) на министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе оди со свои листи за советници на престојните локални избори, одлучило Централното претседателство на крилото.
АА во сите општини ќе излезе со сопствена листа за советници.
Таравари по ваквата одлука синоќа изјави дека неговото крило останува дел од владејачката коалиција „Вреди“, а тврди дека овој став го имале уште од јули лани.
Ако пак останатите во коалицијата одлучат да ги исклучат, ќе одговореле со своја одлука што понатаму.
АА на Таравари не планира и излегување од Владата. Тој не смета дека одлуката на неговото крило да настапи самостојно на локалните избори би било причина за излегување од Владата.
За можноста за соработка и соединување со крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, кој моментално е легитимен претседател на партијата, Таварари кажа дека „оваа куќа е отворена и голема“ и дека сите биле добредојдени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Таравари/Фејсбук