еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амнестирани Јанакиески, Вељановски, Ристовски и Атанасовски, обвинети во „Организатори на 27. април

Основниот Кривичен суд Скопје денеска го уважи барањето за амнестија на обвинетите во случајот познат како „Организатори на 27 април“, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот министер за образование и наука, Спиро Ристески, поранешниот претседател на македонското Собрание, Трајко Вељановски и поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Судот донесе решение со кое барањето за нивна амнестија се уважува и се запира постапката за нив за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок на државата, во врска со упадот во Собранието на 27. април 2017 година.

Судот ја донесе одлуката по претходно доставеното мислење од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција дека за обвинетите треба да се примени Законот за амнестија од 2018 година, со кој што во друга постапка беа ослободени поранешните пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, како и Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од „Аутомакедонија“ за 138.000 евра

Редакција

АФП: Оставката на Заев носи нова неизвесност на балканската политичка сцена

Редакција

(Фото) По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња

Редакција