Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети откако претходно за косовските медиуми изјави дека бегалецот Артан Груби, негов соопартиец и поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, е на „албанска територија“, без да потенцира дали е во Косово или Албанија, сега вели дека не ја знаел неговата локација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети знае каде е Груби, ќе го повика ли Обвинителството на распит?
За ТВ21 вели дека немал контакт со Груби и дека немал детални информации за неговата локација, а претходната изјава ја дал на база на јавните изјави на владини преставници.
Во претходната рече и дека Груби бил добар, па нејасно е како го знае тоа ако немал контакт со него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зарем е можно во ДУИ да не знаеле за криминалот на Груби, од кој сега се оградува партијата
По изјавата на Ахмети, јавноста очекува тој да биде повикан на распит од страна на Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.
Тој се бара со меѓународна потерница за криминалот во Државна лотарија вреден повеќе од осум милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби немал албански пасош, вели за „БИРН“, советник на албанскиот претседател
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?
Фото: Груби/Фејсбук