еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Макрон од Мадрид: Најдовме решение за Македонија и Бугарија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон на прес-конференција во Мадрид, на Самитот на НАТО изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– За прашањето на пристапувањето на С. Македонија ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за С.Македонија и Албанија.

Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на С. Македонија, прифатлив за сите, изјави Макрон.

Тој изрази надеж дека „разгледувањето од двете страни во следните денови ќе го потврди ова“.

– До сега премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје. Ова решение носи безбедност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото, потенцира Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Редакција

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот и едно лице кое не е поврзано со досегашните кластери

Редакција

САД и ЕУ бараат почеток на преговори за Македонија без одлагање

Редакција