еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Барањето за екстрадација на Палевски од Турција е испратено

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на осомничениот за убиство и грабнување Љупчо Палевски Палчо од Турција, информираа од таму.

Истото преку Министерството за надворешни работи ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.

-Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок, велат од таму.

-Верувам дека после добивање на нашето барање, ќе контактираме директно и со министерот за правда на Турција, изјави денеска министерот за правда, Кренар Лога.

Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова, подвлече тој.

-Јас верувам дека за релативно кратко време ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас, рече министерот.

Во однос на временската рамка, тој посочи дека е неизвесно, бидејќи, како што рече, не знае колку осомничениот ќе ги искористи правните механизми да се жали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Фејсбук, група за „правда“ за Палевски, се договара и протест

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот сончево и топло, од понеделник заладување

Редакција

Проф. Трајковски: Епидемијата на Ковид-19 во Македонија постепно се ближи кон крајот, на пат е да премине во ендемија

Редакција

МВР склучи договор со Пнеуматик груп вреден 1,3 милион евра

Редакција