еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бебето кое наводно било малтретирано на Детска клиника имало наод на тромбоцитопенија, состојба која предизвикува модринки

Бебето кое имаше модрици на рацете по престојот на Детската клиника, имало наод за тромбоцитопенија – состојба на намалени тромбоцити од која се појавуваат модринки, објави Слободен печат.

Оваа состојба, била потврдена од тројца специјалисти од Клиниката, меѓу кои и директорот, доктор Реџеп Мемеди.

Доктор Мемеди вели дека модриците се на раката во делот каде што една од медицинските сестри го држела бебето, додека другата го боцкала, а дека тромбоцитопенијата која била претходно констатирана во наодот немала улога, затоа што крвната слика била повторно направена и немало веќе намалени тромбоцити.

Двајцата други доктори пак, не се согласуваат и ни рекоа дека кога постои тромбоцитопенија, можно е да се случи да се појават модрици и има поголема осетливост, а бебето во конкретниот случај било склоно и кон крвавења.

Што точно се случувало, денеска треба да биде утврдено од страна на Комисијата, но информацијата потврдена со медицински наод за тромбоцитопенијата кај бебето, му дава сосема нов тек на целиот настан – дека тој има медицинско оправдување, а не меѓуетничка заднина, пишува Слободен печат.

Семејството претходно тврдеше дека модринките кај детето биле како резултат на конфликт со медицинската сестра, која наводно го повредила, бидејќи семејството не знаело да зборува македонски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унијата на медицински сестри бара докази за сестрата на Детска клиника, која нестручно се однесувала кон бебе

Комисија ќе го разгледа случајот со нестручно однесување на медицинска сестра кон бебето на Детска клиника, велат оттаму

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кафе-бар Кантина нема да работи следните две недели поради еден позитивен случај на Ковид-19

Редакција

За Рамиз Мерко има уште 14 активни предмети

Редакција

За да не биде зависна од Русија, Европа ќе потпише договор за набавка на гас од САД

Редакција