еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ново поскапување на горивата: Цената се зголемува до три денари

Цената на бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари по литар, а „еуросупер БС-98“, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто.

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 107 денари, „еуросупер БС – 98“ ќе се продава за 109, дизелот за 97,5, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за литар.

Сo одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и останува 54,64 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,584 отсто и кај дизелот за 4,856 отсто, како и за 0,467 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР уште во 2012 поднела кривична за тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството не презело ништо, изјави Спасовски

Редакција

Антони Пешев предложен за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Вкупно 81: Четири новопочинати од коронавирусот, дури тројца од Прилеп

Редакција