еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Беќаровски бил од времето на друже Тито, разрешениот директор Петровски ја вработил снаа му, вели директорката на Токсикологија, Иљази

Бесија Иљази, директорката на Клиниката за токсикологија, која е во фокусот на јавноста периодов поради бројни скандали на Клиниката, откако таа беше поставена таму, го разрешила медицинскиот директор Данил Петровски оти според неа тој ги прекршил сите норми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил директорот на Токсикологија, Петровски, кој е разрешен

Директорот на Токсикологија, Петровски, бил разрешен поради несовесно работење, велат од Министерството за здравство

„Како е можно разрешениот медицински директор Данил Петровски да вработи своја снаа на 13.02.2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде.

Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурство и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивните проблеми, тоа стана голем проблем“, изјави таа денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил директорот на Токсикологија, Петровски, кој е разрешен

Директорот на Токсикологија, Петровски, бил разрешен поради несовесно работење, велат од Министерството за здравство

За докторот Нико Беќаровски пак кажа дека бил од времето на Тито и го нарече доктор од Фејсбук.

„Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на Фејсбук затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо.

Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „друже Тито“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста.

Новиот поредок и наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели рече директорката која денеска предизвика и нов скандал откако издаде наредба вработените на Клиниката да не давале изјави за медиумите без нејзина согласност, која Здружението на новинари на Македонија ја отцени како обид за цензура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на Токсикологија им забрани на вработените да дават изјави за медиумите, ЗНМ го осуди обидот за цензура

Никогаш не упатил навреди кон колегите Албанци, вработени од Токсикологија во одбрана на Беќаровски

Докторот Беќаровски од МЗ обвинет дека навредувал етнички Албанци, најави тужба

Фото: ТВ Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вежбај. Читај книга. Гледај филм. Седи дома: Креативни совети за „битката„ со корона вирусот

Редакција

Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Редакција

Вработена во армијата пријавила обид за обљуба од колега, Министерството за одбрана го испитува случајот

Редакција